Финансиските средства собрани од хуманитарниот концерт во чест на Андреј Лаброски кој се одржа оваа година,
ВИС Билјана заедно со @брајтм и Виктор донираа средства во износ од 180.000 денари на одделението за педијатрија во
општа болница Охрид.
Донирани се:
-Два клима уреди и сервис на еден клима уред
-ЕКГ со педијатриски штипки и пумпици
- Пулсоксиметар со неонатален сензор
- Четири медицински креветчиња
Од средствата собрани на забавно - хуманитарен настан "На Бована Сараиште" на одделението за педијатрија донирани се :
грејни тела, чаршафи, штитници за душеци и ќебиња.
Од срце им благодариме на сите кои донираа, донираните средства директно ќе влијаат на унапредување на здравствената грижа,
дијагноза и третман на најмалите пациенти.